Ако може да бирате, тогаш преселете се во Виена!
Според студијата на Обединетите нации „Главни градови на светот 2012/2013“, Виена, главниот град на Австрија повторно се најде на првото место и е прогласена за најуспешен град, во конкуренција од 70-те светски метрополи.
Престолнината на Австрија е рангирана пред другите градови со висок квалитет на живот, како што се Цирих, Торонто или Брисел. Студијата на ОН ги анализирала, меѓу останатото, и факторите како што е продуктивноста, одржливоста, животниот квалитет и инфраструктурата.
Градоначалникот на Виена, Михаел Хојпл резултатите од студијата ги оценил како потврда за градската политика и упатил голема благодарност до сите оние кои биле ангажирани од Виена да направат еден од најубавите градови во светот.

Слично