Ако имате бугарски пасош и сакате работа на море-Понудата не се пропушта!
Работата на море е предизвик за многумина.
Во време на невработеност кога глем број млади бараат работа надвор од земјава, соседите бараат сезонски работници.
Се што треба е да имате бугарски пасош и дневницата од 30 евра ви е загарантирана.
Голем број работодавци од Грција бараат сезонски работници за работа во кафе барови, на плажа, во ресторани, помошнички во кујна, таверни, одржување на хотел и пеглање...и слични работни позиции.
Доколку ве привлекува морето и сакате летово да го искористите за сезонска работа, прочитајте ги огласите па аплицирајте.
Ние ви пренесуваме мал дел од огласите кои ги најдовме на социјалните мрежи.
-Потребна е жена за работа на Лефкада - Атхани за помош во кујна и пеглање.. Плата 650/700 евра. Обезбедено сместување и храна.
-Потребна е девојка за работа во кафе бар на Василики до 30 годишна возраст. Потребен е ЕУ пасош. Обезбедено сместување. Дневница 30 евра.
-Потребна е девојка за работа на плажа на Лефкада-Василики со еу пасош за работно место келнерка. Обезбедено сместување. Дневница 25 евра.
-Потребни се две девојки за работа на Крит во кафетерија. Дневница 25 евра + бонуси. Обезбедено е сместување.
-Потребна е жена за работа на остров Паксос за помош во кујна со ЕУ пасош. Плата 700 евра. Има обезбедено сместување и храна.
За да аплицирате и повеќе информации обратете се овде.
