Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако ги видите овие симболи, знајте дека тука се крие ЗАКОПАНО БОГАТСТВО!

Ако ги видите овие симболи, знајте дека тука се крие ЗАКОПАНО БОГАТСТВО!

Многу ловци на богатство веруваат дека ќе дојдат до закопано богатство, ако ги следат знаците кои водат кон златници. Многу од тие знаци на обичниот човек не му значат ништо, но на ловците на злато тоа им е водич до богатство. Ова се некои од универзалните патокази, за кои трагачите тврдат дека може да ви помогнат да дојдете до големо, закопано богатство.

Шкорпија

Овој знак воглавно се поврзува за опасност. Често оди во пар со следните знаци: базен или река, бунар, подрум, млин. Доколку тие знаци се наоѓаат пред шкорпијата, таа тогаш не покажува опасност, туку треба да обрнете внимание на положбата на опашката, дали е издигната или во хоризонтална положба (покажува патека) или дали една од клештите (пипките на шкорпијата) е поголема од другата (исто така може да покажува патека, обично во прашање е разгранување на тунели на две страни).

Риба

Знак кој се смета за точна локација на богатство. Во зависност дали е надвор или во пештера, се врши пребарување околу најблиската вода (река, езеро, бара) и воглавно тоа подрачје е дефинирано со величината на самиот знак. Доколку рибата се наоѓа во пар, значи дека наоѓалиштето е помеѓу две водени површини.

Прстен

Во мноштовото истражени пештери, прстенот е она што најмногу ги загрижува трагачите, во доста случаи е конкретна опасност со можни отрови, потребна е исклучителна мерка на внимание, се препорачува целосна заштита кај влез во такви пештери. Исто така најденото богатство може да биде лесно отровно и потребна е адекватна процедура на проверка, контрола и обработка кај такво најдено богатство. Прстенот исто така со својата големина упатува на опсегот во кој пребаруваме, што е помал пречникот, толку поблизу сме до она што го бараме.

Заб

Означува или влез во тесен тунел или копање во близина на знакот.

Крст

Ако постои текст кај крстот, воглавно крстот ги покажувал страните на светот и правецот на барање бил на исток. Ако крстот има две хоризонтални линии се однесува на опасност и препреки, обично покажувал закопано богатство, но со некои стапици или отрови.

Слично

Поврзани вести