Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКО БАРАТЕ СОВРШЕН РАБОТНИК: Тогаш барајте да ги има овие квалитети

АКО БАРАТЕ СОВРШЕН РАБОТНИК: Тогаш барајте да ги има овие квалитети

Секој шеф си има своја дефиниција за тоа што треба да претставува совршен работник. Но, сепак, и покрај субјективност, има некои квалитети кои секогаш се споменуваат. Еве кои се тие според Inc.com.

Совршен работник е:

1. Отворено и пријателски настроен

Вработените треба да бидат одговорни, љубезни и сочувствителни. Тие мора да бидат способни да зборуваат на начин кој ќе ги тера другите да ја почувствуваат нивната загриженост и внимание.

2. Енергичен

Некои проекти бараат од работникот да работи до подоцна или пак во раните утрински часови на денот, особено кога станува збор за меѓународни проекти во кои учествуваат луѓе кои работат во различни временски зони. Совршените вработени се доволно издржливи за да се справи со товарот. Тие се хранат здраво и се грижат добро за физичката и психичката состојба.

3. Лесно приспособлив

Идеалниот вработен може да се прилагоди на различни култури, ситуации и модели на акција. На пример, кога соработуваат со вработен, тие се свесни дека секој човек има потреба од мир и време за размислување пред да каже што и да било.

4. Решителен

Решителните вработени може да ја преземат улогата на посредник во конфликтна ситуација. Тие знаат како да ја преземат иницијативата, како да го побараат она што им треба и како да се фокусираат на мислења и предлози, кои имаат потреба од повеќе внимание.

5. Љубопитни

Најдобрите вработени се заинтересирани од различни методи и начини за справување со различни задачи. Тие сакаат да знаат како другите би постапиле ако беа на нивно место, како функционираат различните организации и како да се справат со нивните колеги со работата и животот, особено ако станува збор за луѓе од различни делови на светот.

6. Флексибилен

Кога работите со различни култури во различни временски зони, способноста да го адаптирате распоредот, да се префрлите на различна фреквенција и да заостануваате со навиките кои се бескорисни во оваа средина, се клучот за успехот. Совршените вработени не се плашат од промената. Тие се отворени за стекнување на нови знаења и вештини за да бидат во чекор со брзо менување на современа средина.

7. Уверен

Најдобрите вработени се секогаш подготвени да ги запрегнат ракавите и да се зафатат за работа. Овие луѓе не одговараат скептично. Тие веруваат дека нема невозможни нешта и дека сè може да се постигне, дури и ако тоа бара промена и напуштање на застарени сфаќања. Тие не гледаат проблеми, а решенија.

8.Дипломат

Вистинските вработени знаат како да посредуваат помеѓу различните предлози и мислења. Тие знаат како да ги слушаат луѓето и како да се постават на нивно место, преземајќи различни перспективи.

Слично

Поврзани вести