Акција на социјалните мрежи за „помош“ на кутриот милионер
Џанлука Ваки кој веќе ја ситни седмата деценија од животот се најде во финансиски проблеми откако италијанските банки му запленија дел од неговиот недвижен имот со луксузни вили, како и скапите јахти. Тој стана славен на социјалните мрежи со екстремните фотосесии со разголени девојки уживајќи во разуздан животен стил.

Сега, „фановите“ му се потсмеваат и организираат хуманитарна акција за да му помогнат да се справи со финансиската криза. Ваки незапирливо го трошеше наследеното богатство на луди авантури, но сега веќе ги нема јахтите и приватните авиони каде често му гостуваат и личности од џет сетот.
Фановите велат дека досега собрале 5 евра, но имаат надеж дека „хуманоста“ ќе излезе на дело и ќе му помогнат на „кутриот“ Ваки.
