Економија, финансии, бизнис

Контакт

Академик Владо Камбовски избран за нов ректор на универзитетот ФОН

Академик Владо Камбовски избран за нов ректор на универзитетот ФОН
Сенатот на Универзитетот ФОН, на денешната седница, едногласно, го избра академик Владо Камбовски за нов ректор на Универзитетот. Досегашниот ректор, проф. д-р Александар Николовски, ќе биде директор на докторските студии на ФОН. Истовремено, сенатот ги изгласа и проф. д-р Симе Арсеновски како проректор на Универзитетот, доц. д-р Катерина Апостолска како нов декан на Факултетот за дизајн и мултимедија и проф. д-р Зоран Гацовски за нов декан на Факултетот за информатика. Кадровите промени на Универзитетот се извршени согласно 5-годишната стратегија на ФОН за приближување кон Лисабонската агенда и стратегијата за регионален развој.
Слично

Поврзани вести