Економија, финансии, бизнис

Контакт

Академија за Менаџери, една година светско образование во Македонија

Академија за Менаџери, една година светско образование во Македонија

„Академијата за Менаџери преку своите програми придонесува за дооформување на квалификуван менаџерски кадар и доедукација на лица од различни профили вработени во приватниот и јавниот сектор. Според својата концепција и во соработка и комуникација со бизнис секторот во земјата, ги препознава потребите за соодветно образование и истражување, со кое им помага на организациите при соочување и решавање на тековните предизвици и потешкотии“, изјави Марија Никовска, директор на Академијата.

Една година од започнувањето со работа на Академија за Менаџери. Под академска надлежност на Универзитетот Шефилд и Меѓународниот факултет - СИТИ Колеџ, оваа организација досега имала над 200 учесници во своите програми и континуирано придонесува за менување и унапредување на менаџерските вештини кај професионалните кадри во Република Македонија.

Академијата за Менаџери нуди професионална доедукација преку постдипломските студиски програми од Универзитетот Шефилд во Скопје, а предавањата се организирани во 3 смера - Стратешки Маркетинг, Стратешки Менаџмент и Финансии.

„Академијата за Менаџери преку своите програми придонесува за дооформување на квалификуван менаџерски кадар и доедукација на лица од различни профили вработени во приватниот и јавниот сектор. Според својата концепција и во соработка и комуникација со бизнис секторот во земјата, ги препознава потребите за соодветно образование и истражување, со кое им помага на организациите при соочување и решавање на тековните предизвици и потешкотии“, изјави Марија Никовска, директор на Академијата.

Предавањата се предводени од реномирани професори од светски ранг со исклучителна професорска и истражувачка кариера зад себе, кои доаѓаат од Универзитетот Шефилд, Меѓународниот факултет - СИТИ Колеџ, како и од други реномирани универзитети од Велика Британија. Секој од професорите поседуваат искуството и академското реноме, свои авторски трудови и истражувања, а покрај теориската подготвеност имаат и практично искуство во доменот на она што го предаваат.

Во изминатава година Академијата за Менаџери организираше голем број предавања во рамките на редовните програми, а во тек е и реализација на специјализираната тренинг програма за медицинските и економските директори на Јавните здравствени установи преку Министерство за здравство и Фондот за здравствено осигурување. За програмите на Академијата за Менаџери во академската 2012-2013 година беа доделени и 40 стипендии од Министерство за образование и наука.
Слично

Поврзани вести