Економија, финансии, бизнис

Контакт

Академии кои се разликуваат од останатите

Академии кои се разликуваат од останатите

Како прв и најголем ИТ тренинг центар во нашата држава, Семос Едукација во овие 25 години навистина има големо искуство со кое може да се гордее. Преку 100.000 слушатели на курсевите и академиите денес можат да се пофалат со подобрена иднина, благодарение токму на програмите на Семос Едукација.

Денес, Семос Едукација во својата програма на слушателите им нуди 327 курсеви и дури 14 академии. Со текот на годините, компанијата ја согледа потребата од заокружена едногодишна обука која на слушателите ќе им обезбеди професија и подготвеност за кариера по нивен избор. Сите академии можете да ги видите тука. Бројот на обуки како и долгогодишното партнерство со најголемите имиња во ИТ индустријата како Microsoft, Cisco, Oracle,  EC-Council,  ISTQB, Amazon, Adobe, Autodesk, Unity и многу други, се дополнителен доказ за квалитетот на обуките кои може да се добијат во Семос Едукација.

Семос Едукација е првата и до денес единствена акредитирана институција од страна на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија за спроведување на пост-средно специјалистичко образование за квалификацијата - Графички дизајнер на 5-Б ниво од Македонската рамка за квалификации. Студентите кои посетувале и ќе посетуваат стручна едногодишна обука на програмата за Графички дизајн,  добиваат официјална специјалистичка диплома за квалификација Графички дизајнер, признаена и акредитирана од Министерството за образование и наука на РСМ.

Сепак, една од клучните компоненти во целиот овој процес е тоа што слушателите добиваат сертифицирана обука, за која Семос Едукација е овластена да ја спроведува. Слушателите на курсевите и академиите мораат да го совладаат материјалот, бидејќи на крајот на секоја обука се полагаат стручни тестови, и по успешно положување добиваат сертификат директно од: Certiport, Microsoft, VmWare, ISTQB, EC-Council, Cisco, Oracle, Amazon, Autodesk, Adobe, Unity и други. Овие сертификати можат целосно да ја променат вашата иднина!

Експертизите на тренерите во Семос Едукација навистина се издвојуваат во областа. Тие континуирано се обучуваат од најпознатите светски софтверски компании, како што се Microsoft, VMWare, EC-Council, Cisco, Oracle, Java, ISTQB, Autodesk, Adobе, Unity и други. Токму затоа овие тренери се постојано поканувани да учествуват како говорници и предавачи на познати светски конференции од ИТ индустријата кои се одржуваат ширум светот.

По повод прослава на големиот јубилеј – 25 години постоење, овие месеци Семос Едукација подарува картичка-подарок во вредност од 50€ за обука по ваш избор до 31. декември. Подарокот може да го преземете на следниот линк: https://25godini.semosedu.com


ПР објава

Слично

Поврзани вести