Ајварот на дневен ред на Владата
На владина седница ќе се разгледува барањето на конзервната индустрија за увоз на црвена пиперка од соседните земји, поради недостигот за производство на ајвар годинава, вели вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Барањето на преработувачите најпрвин ќе го разгледаат владините комисии, а потоа став ќе заземе и Владата.
Преработувачите преку Министерството за економија побараа да се дозволат квоти за увоз на црвена пиперка од странство, затоа што годинава нема да можат да го реализираат договорениот извоз на ајвар поради недостиг на суровина.
НЕМА ДОВОЛНО ПИПЕРКА АЈВАРКА: Се откажуваат извозни зделки во конзервната индустрија!
Годинава поради лошите временски услови родот на црвената пиперка е намален за околу 30 отсто. Но дополнително, преработувачката индустрија се соочува и со хроничен проблем – неорганизирано производство и непочитување на договореното производство.
Слично
