Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ајфеловата кула се лизна од тронот: Кој и го зема местото најголема туристичка атракција?

Ајфеловата кула се лизна од тронот: Кој и го зема местото најголема туристичка атракција?

 Титаникот во Белфаст е прогласен за најголема туристичка атракција во Европа.

Овој музеј така ги лизна од тронот Ајфеловата кула и Бакингамската палата. Титаник во Белфаст привлече три милиони посетители од повеќе од 145 земји од отворањето во 2012 година.

titanic-Belfast-out

Сега стана прва локација во Северна Ирска која ја доби оваа награда. Музејот ја слави историјата на бродоизградба во Белфаст и создавањето на Титаник, најпознатиот патнички брод кој влезе во легендите.

Музејот се наоѓа на местото од кое Титаник исплови на своето прво и последно патување.

„Воодушевени сме што сме прогласени за најдобра туристичка атракција во Европа“, вели извршниот директор на музејот Тим Хасбандс.

3 (9)

Од отворањето на Титаник во Белфаст се продадени 338 000 разгледници и 20 000 снежни кугли со фигурата на Титаник.

Инаку, Северна Ирска благодарение на Музејот, но и популарната серија „Игра на престолот“ која во еден дел е снимана таму, лани ја посетиле рекордни 2,3 милиони луѓе.

Слично

Поврзани вести