Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ајфеловата кула ќе се обнови, како ќе изгледа во ново руво?

Ајфеловата кула ќе се обнови, како ќе изгледа во ново руво?

Со 300 милиони евра ќе се обнови Ајфеловата кула во Париз, која е симбол на градот, но и на Франција. 

Градоначалничката Ан Идалго изјави дека е неопходно да се подобри изгледот на кулата која е главна туристичка атракција. 

Половина од сумата ќе биде потрошена за поправка на лифтови и бојадисување, а остатокот се за модернизација. 

Кулата ќе добие ново осветлување, а долу ќе има и места каде посетителите ќе можат да се скријат доколку врне дожд. 

Кога е изградена кулата многу Парижани сметале дека е грда и дека треба да се урне, но денес е ремек дело на светската архитектура и дневно ја посетуваат од 15.000 до 20.000 луѓе. 


Слично

Поврзани вести