Економија, финансии, бизнис

Контакт

„АЈ КЈУ“: Македонија ќе победи на Евровизија, ама не гарантирам кога

„АЈ КЈУ“: Македонија ќе победи на Евровизија, ама не гарантирам кога

Јавноста годинава генерално се согласи околу домашниот претставник за изборот за песна на Евровизија во Лисабон, шармантното трио „Ај Кју“, кое го сочинуваат гитаристот, композитор и вокал Бојан Трајковски, пејачката Марија Ивановска и тапанарот Иво Митковски. 63. издание на „Евросонг“ ќе се одржува од 8 до 12 мај, а Македонија настапува во првото полуфинале, на 8 мај со песната „Lost and Found“. Автор на музиката и на текстот е Трајковски, а аранжер е Дарко Димитров. Повеќе од десет години колку што се активни на музичката сцена, „Ај Кју“ редат хит до хит. Повеќекратни добитници се на награди на радискиот фестивал МАРС, а на Скопскиот фестивал преклани победија со песната „Убава“ која Бојан Трајковски ја напиша заедно со Кристина Арнаудова, а аранжманот го изработи со Дамјан Темков. Сите ставови околу тоа што е за него „Евровизија“ и како тој ја доживува, муабетевме со музичарот Бојан Трајковски од „Ај Кју“.

Женски магазин- Имате ли долго желба, амбиција да заминете на „Евросонг“?

Бојан– Долго време имам желба да се обратам на што поширока публика, а оваа шанса што ја овозможува „Евровизија“ доаѓа во прав момент кога и јас како автор, а и бендот сме во полна работна форма. Затоа сум многу среќен што ни се укажа една ваква можност за исчекор и претставување на меѓународната сцена. Драго ми е што песната „Lost and Found“ е избрана на конкурс помеѓу 382 композиции и се надевам дека ќе ја оправда доверба на комисијата и МРТ.

Целото интервју прочитајте го на Женски магазин, тука.

Слично

Поврзани вести