Економија, финансии, бизнис

Контакт

Безбедни се увезените млека и сувомесни производи

Безбедни се увезените млека и сувомесни производи
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство годинава и лани немаат утврдено присуство на афлатоксин во увезените млека, над максимално дозволените концентрации. Тие при увоз во Македонија се пропратени и со извршени лабораториски анализи во земјата од каде се увезуваат, за утврдување на евентуално присуство на афлатоксин. Испитувањата задолжително се прават во акредитирани лаборатории. Во Црна Гора беше уништен јогурт од српско производство, затоа што содржел високо ниво на афлатоксин. Безбедни се  и сувомесните производи и оние кои се увезуваат од Црна Гора, каде според пишувањата на тамошните медиуми, во некои погони е откриено присуство на бактеријата листерија. Кај увозните сувомесни производи, покрај лабораториските анализи направени во земјата извозник, Агенцијата за храна и ветеринарство задолжително врши и лабораториско испитување за утврдување на присуство на листерија, со земање на мостри.
Слично

Поврзани вести