Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Агрокор“ и Белгијците ќе инвестираат 400 милиони куни во Винка

„Агрокор“ и Белгијците ќе инвестираат 400 милиони куни во Винка

Хрватскио концерн „Агрокор“ и белгиската „Ардо груп“ потпишаа „Joint Venture“ договор со кој Винка ќе стане водечки производител на замрзнато овојше и зеленчук.

Договорот, вреден 400 милиони куни  (53,25 милиони евра) го потпишале претседателот на Агрокор Ивица Тодориќ и оперативниот извршен директор на компанијата Ардо Бернард Хаспеслаг, според кој тие две фирми ќе станат рамноправни сопственици на компанијата Винка, пренесува хрватскиот пословни дневник.

Главната цел на новопечените партнери е Винка да стане водечки производител на замрзнато овошје и зеленчук во источна Европа.

Планот е со значајна инвестиција во зголемување на производните капацитети во наредниот период да се зголеми за четири пати производството на Винка, од постоечките 15.000 на 60 000 тони замрзнато овошје и зеленчук.

Со тоа, со зголемување на капацитетот на прозводството, ќе се отворат и голем број на нови работни места.

Тодориќ предупредил и на хрватскиот проблем со недостаток на работници.

„Ние немаме работници. Бевме во министерството и заводот за вработување бидејќи ни требаат 4000 работници. Од тие 4000 ни се јавија 200 од кои останаа да работат само 40 луѓе. За неверување. Или сами сме виновни што отидовме во тоа министерство“, рекол тој.

Слично

Поврзани вести