Агенцијата за стокови резерви се снабдува со јачмен!
Ќе се прибира јачмен за добиточна храна за стоковите резерви
Агенцијата за стокови резерви објави тендер за набавка на вкупно 4.500 тони јачмен за добиточна храна. Од Агенцијата велат дека овие количества се набавуваат согласно нивната програма за набавки, и ќе бидат наменети за следната година. За најповолен понудувач ќе се смета тој што ќе понуди најниска цена, која ќе биде утврдена на денот на лицитацијата на 21-ви следниот месец.
Од друга страна сеуште не е познато кога Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе достави предлог до Владата за продажба на јачмен за добиточна храна за сточарите, кои веќе неколку пати реагираа да се интервенира преку стоковите резерви за да се ублажат последиците од недостигот и скапата добиточна храна. Од Агенцијата велат дека има доволно количества во резервите за да се одговори доколку Владата по барање на ресорното министерство донесе одлука за продажба на јачмен за добиточна храна.
Слично
