Економија, финансии, бизнис

Контакт

Агенција за храна: Нема отрови во српската пченка увезена во Македонија

Агенција за храна: Нема отрови во српската пченка увезена во Македонија
Нема присуство на микотоксини во трите испитани мостри на замрзната пченка за човечка исхрана земени од домашниот пазар од различни увозници од Србија по добиената информација за појава на афлатоксини во дел од пченката од новата реколта произведена во Србија, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

Како што истакнаа од Агенцијата, засилена е инспекциската контрола со задолжително лабораториско испитување на пченката и производи од пченка на граничните премини, како и контролата на домашниот пазар.

Денеска се земени и дополнителни мостри за испитување афлатоксини и од увозното пченкарно брашно за кои Агенцијата ги очекува резултатите од понеделник, стои во соопштението, каде се додава и дека од почетокот на годината досега само на граничниот премин Табановце се земени 31 мостра од пченка од Србија од кои кај 18 е испитано присуство на афлатоксини, но резултатите биле негативни.

Слично

Поврзани вести