Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Африканска свинска чума“ ја „демне“ Македонија. АХВ уверува дека во земјава нема заболен добиток

„Африканска свинска чума“ ја „демне“ Македонија. АХВ уверува дека во земјава нема заболен добиток

Последните неколку денови во соседна Бугарија се уништуваат свињите во местата каде што добитокот е заразен со болеста „ африканска свинска чума“. Од Агенцијата за храна и ветеринарство уверуваат дека во Македонија нема африканска свинска чума. Но, исто така од агенцијата потенцираат дека се превземаат и потребните безбедносни мерки.

АХВ ги предупредува граѓаните кои патуваат да не внесуваат во Македонија храна од животинско потекло, а за сточарите апелираат свињите да не ги одгледуваат на отворено.

Агенцијата за поголема безбедност воведе и забрана за увоз. Поради сезоната на годинишни одмори и почести патувања надвор од државата, АХВ бара од Царинската управа да прави поголеми контроли на багажот на патниците.

Болеста „африканска свинска чума“ е проширена и во Романија, но и во други држави од Источна Европа. Болеста не е опасна за луѓето, но го уништува добитокот.

Слично

Поврзани вести