Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аферата со коњското месо стигна и во Бугарија, во Македонија нема проблем

Аферата со коњското месо стигна и во Бугарија, во Македонија нема проблем

Бугарската Агенција за безбедност на храната го потврди присуството на коњско месо во производи обележани како говедски кои се продавале и во оваа држава.

„Резултатите од двете испитувања на производите кои се повлечени од продажба биле позитивни на коњско месо, кое во едниот производ било присутно 80, а во другиот 50 отсто“, соопшти Агенцијата.

Тестовите, кои ги биле работени во германска лабораторија, се порачани минатата недела кога 86 килограми „говедски“ лазањи се повлечени од синџир бугарски супермаркети, чие име не е соопштено.

Агенцијата за безбедност на храната денеска ги уништи овие производи, нагласувајќи дека на анализа испратила примероци од уште пет производи.

Во Македонија нема проблем! Како што минатата седмица соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство, контролите биле спроведени веднаш по добиеното известување од британската Агенција за безбедност на храната дека смрзнатата храна од одредени производители, наместо говедско, содржи голем процент коњско месо. „Во конкретниот случај, не станува збор за проблем поврзан со безбедноста на храната, туку со декларирањето, поточно со прекршок кој се однесува на измама на потрошувачите“, велат од македонската Агенција од каде најавија дека ќе продолжат со засилен мониторинг на операторите со храна во земјава и со следење на состојбата на европскиот пазар. Скандалот со коњското месо ја тресе цела Европа, а не е исклучок ни Балканот. Пред Бугарија, коњско месо кое се продава како говедско беше пронајдено и во Хрватска, а скандалот се прошири и до Хонг Конг. Според досегашните испитувања, спорното месо најверојатно потекнува од Кипар и Романија.

Слично

Поврзани вести