Економија, финансии, бизнис

Контакт

АФЕРА „МИЛКА“: Затворски казни за шверц на говеда од Македонија во Албанија

АФЕРА „МИЛКА“: Затворски казни за шверц на говеда од Македонија во Албанија
Вкупно 30 лица се осудени денеска во судскиот процес за аферата „Милка“ за шверц на говеда од Македонија во Албанија. Еден од обвинетите доби ослободителна пресуда. Највисока изречена затворска казна е 8 години и 6 месеци и ја доби еден сточар. Другите обвинети ветеринари, полицајци и сточари добија затворски казни од неколку години. Во притвор во моментов се наоѓаат 17 лица, а 14 се во бегство. Тие се албански државјани и се први на списокот осудени, но не се достапни за македонските органи. Според пресудата, групата пренесувала говеда преку граница. Откако прво ќе ги зеле од неколку сточни пазари низ државата, им ги отсранувале или менувале ушните идентификациони маркички и ги транспортирале до граница. Оттаму преку поткуп на граничари стоката ја предавале на албански државјани кои понатаму ја продавале. Меѓу осудените има и полициски службеници кои примале поткуп за да ја договараат патеката за криумчарење и кои наплатувале по 3,5 евра по килограм добиток. Пресметките на обвинителството се дека криминалната група на овој начин незаконски заработила два милиони евра. Непознато е каде завршувала стоката откако ќе ја преземеле албанските државјани. Процесот „Милка“ започна во февруари и траеше осум месеци.    
Слично

Поврзани вести