Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЕК: Прво тест период, потоа потпишување договор за интернет

АЕК: Прво тест период, потоа потпишување договор за интернет
Агенцијата за електронски комуникации ја воведува услугата„Try&buy“ или „Испробај, па купи“. АЕК побара од операторите да ја воведат опцијата тест-период, која ќе се однесува на интернет дата-стикови, со што корисниците ќе имаат можност на тест период од најмногу 7 дена пред склучување на договор за Интернет-пристап преку мобилен дата-стик. Доколку не се задоволни од квалитетот на услугата, нема да имаат обврска да склучат претплатнички договор со операторот, но ќе треба да го платат трошокот за реализираниот сообраќај во тест периодот и да ја вратат опремата на операторот. Како што изјави директорот на АЕК, Роберт Орданоски, со оваа услуга, се штитат правата на крајните корисници од една страна, а на операторите им се наметнува обврската уште повеќе да внимаваат на квалитетот на услуги кои им ги сервираат на граѓаните.
Слично

Поврзани вести