Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Аџибадем“ во 2023 година: Година на достигнувања и остварувања

„Аџибадем“ во 2023 година: Година на достигнувања и остварувања

За Здравствената групација „Аџибадем“ 2023 година беше година на постигнати цели и остварени проекти. Како водечка институција за здравствена заштита во Турција и во странство, „Аџибадем“ зачекори во 2024 година со мрежа од 24 болници и 16 медицински центри во 5 земји, привлекувајќи пациенти од целиот свет. Универзитетот „Аџибадем“, високообразовна институција од истиот бренд, ги заврши инвестициите во зелени алтернативии сега 100% од енергетските потреби задоволува од обновливи извори на енергија со приближно нулта емисии на јаглерод. По неодамнешното признание како осумкратен шампион на Турција за извоз на здравствени услуги, компанијата планира да продолжи со инвестиции во проширување на мрежата, подобрување на услугите и имплементирање на одржливи решенија за иднината.

Проширување на мрежата на болници и канцеларии за контакт

Во 2023 година, Здравствената групација „Аџибадем“ ја купи најголемата приватна болница во Измир, третиот по големина град во Турција и два медицински центри во истиот град. По отворањето на болницата „АџибадемАташехир“ со LEED златен стандард во септември 2022 година и стекнувањето на медицинските институции во Измир, мрежата „Аџибадем“ моментално опфаќа 24 болници и 16 медицински центри во пет земји, вклучувајќи ги Турција, Бугарија, Македонија, Србија и Холандија.

„Аџибадем“ го зголеми своето присуство на меѓународниот пазар, со 58 „Хелт Поинт“ (Health Point) канцеларии во 29 земји и 53 градови. Тие се канцеларии за контакт за меѓународни пациенти кои бараат второ медицинско мислење или се заинтересирани да добијат третман во болниците „Аџибадем“. Со повеќе од 400 вработени, „Хелт Поинт“ обезбедуваат информации, консултации и поддршка од 360 степени на меѓународните пациенти кои патуваат во Турција заради медицински услуги.

Инвестиции во технологија и иновации

„Аџибадем“ е позната по својот капацитет да се справува со сложени медицински случаи. Тоа е местото каде што неодамна беа одвоени споени близнаци, и беше извршена трансплантација на црн дроб на бебе тешко 8 килограми. Тоа е местото каде што за една година беа лекувани повеќе од 600 педијатриски пациенти со срцеви болести, вклучително и новороденчиња, со стапка на успех од над 95%. „Аџибадем“ беше прва болница во Турција и регионот што примени терапија со CAR Т-клетки - иновативен третман за рак што користи имунолошки клетки за напад на тумори.

Во 2023 година, „Аџибадем“ продолжи да инвестира во човечки ресурси и напредна технологија за да обезбеди најдобра можна грижа и резултати за своите пациенти. Со тим од над 3000 лекари и повеќе од 5000 медицински сестри, синџирот на болници вработува некои од најдобрите медицински професионалци во нивните области. Болничката групација е особено позната по своите специјализирани првокласни центри за онкологија, неврологија и неврохирургија, трансплантација на органи и коскена срцевина, нега на срце, педијатриска нега, ИВФ, хирургија на 'рбет и спортска медицина. Неодамна отворениот Меѓународен центар за зглобови во болницата „Аџибадем Маслак“ и Центарот за роботска рехабилитација во болницата „Аџибадем Таксим“ се фокусирани на супериорна експертиза и технологија за да им помогнат на пациентите да ги вратат своите движења, функции и квалитет на живот.

Напредниот третман за рак е главниот фокус, поддржан од најновата високотехнолошка опрема достапна ширум светот. Пациентите во „Аџибадем“ имаат пристап до најновите уреди за радиотерапија, вклучувајќи CyberKnife за неинвазивна радиохирургија, Gamma Knife ICON за тумори и лезии на мозокот, MR Linac што комбинира линеарен акцелератор и магнетна резонанца (МРИ) и Ethos што инкорпорира вештачка интелигенција (AI) во третманот на рак. „Аџибадем“ продолжува да инвестира во најновата технологија за да обезбеди највисоко ниво на безбедност, точност и ефикасност за своите пациенти.

Едукација на идните генерации во здравството

„Аџибадем“ беше првата институција за здравствена заштита во Турција која ги вклучи високообразовните институции во својот екосистем. Основан во 2007 година од Фондацијата за здравство и образование „Аџибадем“ како непрофитна организација, денес Универзитетот „Мехмет Али Ајдинлар“ на „Аџибадем“ ја обучува следната генерација на професионалци во областа намедицина, фармација и здравствени науки. Таму се лоцирани центар за обука за клиничка симулација (CASE), истражувачки лаборатории и центар за биодизајн, а се формирани за да развијат напредни вештини и знаење. Со 733 вработени, 5.596 студенти и 8.675 дипломирани на програмите за додипломски, постдипломски и вонредни студии, Универзитетот „Аџибадем“ привлекува студенти од целиот свет. Во учебната 2022-2023 година, 280 странски студенти на 5 факултети ја избраа институцијата за своето образование.

Посветен на иднината, Универзитетот иницираше и заврши големи зелени проекти. По повод 100-годишнината од Република Турција во октомври 2023 година, Универзитетот „Аџибадем“ објави дека 100% од својата енергија ја добива од природни извори, како што се ветерот и сончевата енергија. Така, значително ќе се намали корпоративниот јаглероден процент. Енергетските инвестиции се еднакви на засадување на 300.000 дрвја на 2.000.000 m² земјиште, а годишно во атмосферата ќе се испуштаат 7.500 тони помалку CO2.

Услужување пациенти, трогателни стории

Во 2023 година, повеќе од 5,5 милиони пациенти ја посетиле „Аџибадем“ заради здравствени потреби. Врз основа на анкетите на пациентите, нивната стапка на задоволство е 95%. Над 50.000 меѓународни пациенти од 5 континенти и 96 земји ја избраа „Аџибадем“ за нивно лекување. Од естетски и пластични операции до сложени третмани, минимално инвазивна и роботска хирургија, посветените тимови го пречекаа секој пациент со стручни вештини и хуман пристап.

Споени близнаци - Мултидисциплинарна хирургија: Пет-месечни близнаци, споени од предниот ѕид на градниот кош до абдоменот, дојдоа во болницата „Аџибадем Атакент“ од Алжир. Нивниот перикардиум и црниот дроб беа споени заедно, градниот кош и ребрата недостасуваа, а едно од девојчињата имаше тежок хидроцефалус, поради што нејзината глава забрзано растеше. По 6 месеци интензивна подготовка и планирање, вклучително и виртуелни операции на 3Д компјутерски модели, близнаците беа успешно одвоени со сложена операција од 9 часа. Повеќе од 100 лекари, медицински сестри и техничари ги здружија напорите во предоперативниот процес, операцијата и следењето. Четири месеци подоцна, девојчињата беа отпуштени и упатени дома, започнувајќи нов независен живот.

Роботска рехабилитација - Оштетување на нервите на 'рбетниот мозок: Жена од Кувајт се соочи со полупарализа и ограничена подвижност поради оштетување на нервот на 'рбетниот мозок за време на операција во матичната земја. И покрај тоа што бараше третман во САД и трпеше постојана болка, значаен напредок се случи дури откако се приклучи кон програмата на „Аџибадем“. По ригорозна 9-месечна програма за физикална терапија и рехабилитација, вклучително и последните 3 месеци со роботска рехабилитација во „Аџибадем“, таа сега може самостојно да оди и да се ангажира во секојдневните активности.

Радиотерапија - Рак на кожа (меланом): Пациентка од Бугарија боледуваше од голем тумор на образот. Дома нејзините внуци не можеа ниту да ја погледнат в лице. Таа имаше неколку операции, но туморот секогаш се враќаше. Во „Аџибадем“, пациентката беше третирана со радиотерапија и имаше одлична реакција: туморот целосно исчезна. Старата дама повторно почна да зборува и да си игра со внуците.

Третман на спастичност - Селективна грбна ризотомија (SDR): 4-годишно момче со церебрална парализа од Ирак страдаше од тешка спастичност и болни грчеви. „Аџибадем“ понуди селективна дорзална ризотомија, операција што се изведува на долниот дел на 'рбетниот мозок за да се намали спастичноста или високиот мускулен тонус. По успешната SDR операција и едномесечната физичка рехабилитација во „Аџибадем“, семејството се врати во родниот град и таму продолжи со физикална терапија. Денес момчето има 5 години и може самостојно да се движи со патерици. Наскоро, тој ќе се оспособи да оди без никаква поддршка. Имајќи можност за подобар живот, тој станува посамоуверено и социјално момче.

https://acibadem.mk/

macedonia@acibadem.com

Пиар објава

Слично

Поврзани вести