Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Аџибадем Систина“ работи со полн капацитет, преземени сите мерки за заштита на пациентите и вработените

„Аџибадем Систина“ работи со полн капацитет, преземени сите мерки за заштита на пациентите и вработените

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ работи со полн капацитет и на сите оддели непречено нуди здравствени услуги за сите пациенти, соопштуваат од оваа здравствена институција.

Ургентниот центар за возрасни и педијатрискиот ургентен центар, како што се додава и натаму работат 24 часа секој ден во неделата.

„Во услови на прогласена пандемија на Ковид-19 (коронавирусот), Клиничката болница „Аџибадeм Систина“ ги презема сите засилени мерки и протоколи за заштита на пациентите и вработените.

Прегледите се закажуваат како и вообичаено преку Контакт центарот (02 30 99 500).

Следете ги препораките за заштита и превенција од Ковид-19. Грижете се за своето и за здравјето на луѓето околу Вас. Нашата грижа за Вашето здравје продолжува“, дополнуваат во информацијата до медиумите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. 

Слично

Поврзани вести