Економија, финансии, бизнис

Контакт

Адора Инженеринг го доби првиот „енергетски пасош“ во Македонија

Адора Инженеринг го доби првиот „енергетски пасош“ во Македонија
Градежната компанија Адора Инженеринг Скопје денес го доби првиот „енергетски пасош“ во Македонија, односно првиот сертификат за енергетски карактеристики на станбени згради-А класа за новиот објект „Парк“ изграден во срцето на општина Аеродром, Скопје. Ова е потврда дека компанијата, пионер во воведувањето на еко домовите во Македонија, која го изгради првиот станбен објект од високата А енергетска класа и го доби првиот енергетски пасош е лидер во унапредувањето на енергетски ефикасното домување во државата. Сертификатот за енергетски карактеристики на станбени згради А класа со реден број 1, издаден од лиценцираната фирма ДЕЛТА ПРОЕКТ-СКОПЈЕ, потврдува дека објектот „Парк“ на Адора Инженеринг има одлични коефициенти за пренесување на топлина кои се од 30 до 40 % подобри од законски пропишаните, додека кај застаклените површини коефициенти се за 50 % подобри од предвидените со Правилникот за енергетски карактеристики на згради. Одлични индикатори за енергетска ефикасност според сертификатот има и кај специфичната потрошувачка на примарна енергија, која е со вредност 105 kwh/m²а што заедно со специфичната  емисија на CO₂ од 45,1 CO₂/m²a е потврда за намалено создавање на CO₂ во воздухот, како резултат на енергијата потрошена за греење на станбениот објект. Адора Инженеринг Скопје како докажан градежен бренд препознатлив по градбите за сигурно, квалитетно и економично домување и натаму ќе ги следи и применува најновите светските стандарди и технологии со цел на граѓаните на Македонија да им овозможи здраво и долгорочно економично домување.
Слично

Поврзани вести