Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Аџибадем Систина“ со донација на медицински униформи за „Св. Еразмо“ од Охрид

„Аџибадем Систина“ со донација на медицински униформи за „Св. Еразмо“ од Охрид

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ донираше медицински униформи и други производи за потребите на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид.

Околу 3000 парчиња медицински униформи и други производи (бањарки, пешкири, ноќници, детски и машки пижами, наметки, постелнина) за потребите на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид, денеска беа донирани од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

„Ни претставува чест и задоволство што денеска со нашата донација ќе го дадеме својот удел во подобрување на условите во болницата. Горди сме што заедно ќе бидеме пример и ќе покажеме дека приватното и јавното здравство можат заедно да соработуваат и дејствуваат со една и единствена цел, подобро здравство за сите. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и во иднина ќе биде отворена за соработка, и ќе се труди да одговори на потребите на болницата“, изјавија од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Во согласност со својата мисија и визија за унапредување на квалитетот во здравството и грижата за здравјето, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ќе продолжи и во иднина да ги остварува своите задачи како општествена одговорна компанија. За таа цел ќе се реализираат повеќе проекти за унапредување на здравствениот систем во Р Македонија.

Слично

Поврзани вести