А1 Nova – прво 5G тарифно портфолио
Подготви се за иднината со А1 Македонија
А1 Македонија со големо задоволство ја информира јавноста дека го збогатува продуктното портфолио во мобилната телефонија за резидентните корисници и ги претставува уникатните тарифи - A1 Nova. Со А1 Nova портфолиото компанијата оди чекор понапред во креирањето понуди со уште повеќе вредност за своите корисници со цел подготвени да ги искусат вистинските можности на револуционерната 5G технологија.
A1 Nova е првото тарифно портфолио во понудата на А1 Македонија креирано да одговори за вистински 5G искуства и истото вклучува неограничено количество мобилен интернет и содржи шест тарифни моделикреирани според потребите на корисниците.
“Како компанија која е докажан вистински партнер на своите корисници во обезбедувањето понуди и услови за користење на напредните технологии, ја креиравме А1 Nova која ќе им овозможи на корисниците да бидат подготвени за придобивките од новата 5G технологија во која континуирано инвестираме, ја развиваме и усовршуваме. Горд сум што дури и пред официјалното доделување на 5G фреквенциите во земјата, лансираме продуктно портфолио со кое А1 корисниците освен што добиваат уште повеќе вредност, добиваат и можност подготвени да ја дочекаат новата технологија, а во меѓувреме да ги користат придобивките на најбрзата мобилна мрежа во земјата”, изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.
За потсетување, A1 Македонија, кон крајот на 2019 година успешно ја заврши првата фаза на тестирање на 5G технологијата во лабораториски услови, а во октомври 2021г. постави 5G мрежа во центарот на Скопје за финално тестирање, каде беше достигната брзина од 1Gbps за пренос на податоци, реализирано на мобилен телефон кој поддржува 5G мрежа.
Новата генерација технологии, 5G, е веќе воведена во компаниите членки на А1 Телеком Групацијата и тоа во Австрија, Хрватска и во Бугарија.
Повеќе информации можете да видите на www.A1.mk
ПР објава
