А1 Business тарифи: Најнова атрактивна понуда за деловните корисници
А1 Македонија со огромно задоволство го најавува новото портфолио производи и услуги за деловните корисници кое нуди комплетно телекомуникациско решение за сите компании.
Со новото портфолио, А1 воведува нови А1 Business пост пејд тарифни модели за мобилна телефонија и фиксни услуги, со исклучителни поволности дизајнирани да овозможат уште поголем избор и повеќе вредност со цел да се пресретнат комуникациските потреби на корисниците од корпоративниот сегмент. Со комбинирање на мобилните и фиксните услуги во А1 Combo Business пакет, корисниците добиваат дополнителни поволности во облик на поголеми попусти и поголеми буџети за набавка на уреди.
Деловните корисници кои ќе направат А1 Combo Business пакет имаат можност да добијат неограничен интернет и фиксна линија за кои промотивно нема да се наплаќа претплата во првите 6 месеци, заедно со вклучени А1 Business мобилни линии на најбрзата мобилна мрежа.Со избор на A1 Combo Business M, со вклучени 2 мобилни линии A1 Business L корисниците добиваат 40GB мобилен интернет како и можност за поголема комуникација со странство која освен разговори и СМС пораки вклучува и 1GB интернет во роаминг. Сето ова е надополнето со два смартфони Samsung A31 и A02s кои корисникот на A1 Combo Business пакетот ги добива за 0 денари.

Со оваа понуда во бизнис сегментот А1 Македонија ја зацврстува својата заложба за креирање иновативни понуди и решенија кои одговораат на најразличните и најспецифични комуникациски потреби по мерка на деловните корисници.
ПР објава
