Економија, финансии, бизнис

Контакт

85 милиони швајцарски франци за развој на Македонија

85 милиони швајцарски франци за развој на Македонија

Со 85 милиони швајцарски франци ќе се реализираат целите од новата Стратегијата за соработка на Швајцарија со Македонија (2013–2016). Планирана е соработка во три области: демократско управување и децентрализација, економски развој и води, беше посочено на денешната промоција на планот.

Со новата Стратегија за соработка, Швајцарија ќе ја поддржи транзицијата на Македонија кон социјално инклузивна пазарна економија и демократски политички систем, посочи швајцарскиот амбасадор Стефано Лазарото.

Почнувајќи од 1992 година, како при осамостојувањето така и во текот на транзицијата на Македонија кон плурална демократија и целосно функционална пазарна економија, Швајцарија обезбедува поддршка за земјава, преку програмите реализирани од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Државниот секретаријат за економски прашања (SECO).

Слично

Поврзани вести