Економија, финансии, бизнис

Контакт

80.000 долари за масата на Дракула

80.000 долари за масата на Дракула
Масата на која Брам Стокер во 1897 година го напишал своето познато дело „Дракула“ следниот месец, на 15 и 16 декември  ќе биде понудена на аукција. Претходно беше реставрирана и претворена во уметничко дело. Аукциското парче има долга историја, масата беше речиси уништена, и недостасувала фиока, а ногарките биле потсечени.

Брам Стокер, кој почина во 1912 година  ја подарил на својот пријател Ј.С.Р. Филипс. Сегашниот сопственик го најмил британскиот произведувач на мебел и дизајнер Марк Брејзер-Џонс да ја сочува масата, но и да ја претвори во уметничко дело.

Брејзер-Џонс рече дека сакал да ги сочува сите текстури и пукнатини на масата, но и дека сакал да оддаде почест на човекот кој го воведе вампирот гроф Дракукла во модерната поп култура. Неговите додатоци на масата вклучуваат врежани призори достојни на инспирацијата и визијата на големиот човек. Врежани се лилјаци, диви кучиња, ружа со трнови и пупки, а вградени се и две тајни прегради кои ќе му бидат покажани на купувачот.

Се очекува дека масата ќе достигне цена меѓу 60.000 и 80.000 долари.
Слично

Поврзани вести