8 нешта кои интелигентните луѓе не ги споделуваат на работа
Изборот на вистинските аспекти од вашиот живот, кои треба да ги споделите на работното место е доста тежок. Откривањето, кое во еден момент ви изгледа како нешто што би помогнало за изградба или зацврстување на подлабока врска со луѓето од канцеларија, но со текот на времето може да се покаже една огромна грешка.
Проблемот е што не може да се изгради силна професионална мрежа од контакти, ако не сте отворени и искрени со вашите колеги. Прашањето е во вистинска селекција на работите кои ќе ги споделите, бидејќи погрешната информација може да има уништувачки ефект врз вашата кариера.
Треба да знаете до каде се простираат границите и да внимавате да не ги пречекорите, зашто нема враќање назад.
„TalentSmart“ тестирале повеќе од еден милион луѓе и дошле до заклучок дека во повисоките нивоа, се наоѓаат луѓе кои имаат силно развиена емоционална интелигенција (ова се однесува за 90% од најпродуктивните луѓе, ако треба да бидеме попрецизни).
Емоционалната интелигенција е „нешто“ што секој од нас го има, но не може да го допре и види. Таа влијае на нашето однесување, социјални вештини и лични одлуки од кои зависи остварувањето на позитивни резултати.
Емоционално интелигентните луѓе можат да ги прочитаат останатите како отворени книги, а тоа им помага да го разберат она што треба да го откријат за себеси во канцеларијата, а што не.
Тие се свесни дека не треба да споделуваат информации за следните 8 работи, бидејќи тоа може да ја поведе кариерата во погрешна насока.
Не ги споделувајте:
1. Вашите политички убедувања
Политичките сфаќања на човек се премногу тесно поврзани со неговиот идентитет, за да се дискутира за време на работа, без да има ризик од евентуални негативни реакции и последици.
Политичките спорови и неусогласеност помеѓу вашите убедувања и оние на другите, може да го промени мислењето на луѓето во канцеларија за вас. Негирањето на туѓ вредносен систем и начин на размислување, е меѓу најнавредливите работи кои може да се направат.
Дури еден категоричен коментар за светска тема, може да доведе до конфликт.
Луѓето го градат својот живот и свет околу одредени идеали и убедувања, чие критикување може да биде ризично и опасно. Бидете подготвени да слушате без да одговорите негативно на туѓите идеи. Еден навредлив поглед од ваша страна е доволен за да се појави огромен спор.
Политичките ставови се толку силно вкоренети во човековиот идентитет што ако одлучите да ги оспорите, поверојатно е да си навлечете проблеми отколку да го промените туѓото мислење.
2. Дека некој е некомпетентен
На секое работно место, секогаш има и ќе има неподготвени луѓе и многу е веројатно секој во канцеларијата знае точно кои се тие.
Ако ги немате потребните овластувања за да им помогнете или пак да ги отпуштите, ништо нема да добиете од ширењето на глас за нивната некадарност.
Ако одлучите да дискутирате за туѓата неспособност, ќе изгледа дека сте несигурни во сопствените способности и дека само се обидувате да изгледате подобро во позадина на туѓите неуспеси.
Вашата безчувствителност или недостаток на емпатија ќе продолжи да ве гони во иднина, во форма на негативни коментари од страна на вашите соработници.
3. Колку пари сте заработиле
Родителите може да се задоволни да слушаат дека финансиската состојба ви е добра, но на работното место, тоа може да создаде најразлични проблеми.
Постигнувањето на целосно праведна распределба на платите и бенефициите на работа е речиси невозможно.
Може да сакате, од љубопитност, да размените информации за финансиските средства со пријател, но во моментот кога тоа ќе го направите, никогаш повеќе нема да се гледате еден со друг на ист начин.
4. Дека ја мразите работата
Последното нешто што човек сака да слушне за време на работа е како некој друг не може да ја толерира.
Ако постојано се жалите од вашата работа, ќе добиете етикета на негативниот колега, кој не е тимски играч.
Ова, за возврат влијае на моралот и мотивацијата на тимот.
5. Што правите во спалната
За информациите за вашиот сексуален живот нема место на работа.
Слични дискусии, во ретки случаи може да доведат до кикотење, но повеќето луѓе се чувствуваат непријатно при споменувањето на вакви детали, а за некои дури може да бидат навредливи.
Преминувањето на оваа граница ќе се одрази негативно на вашата репутација.
6. Што мислите дека некој друг прави во спалната соба
Нема сигурен начин да натерате некој да се чувствува засрамен од тоа да му споделите, што мислите за неговиот љубовен живот.
Сите коментари, почнувајќи од шпекулации за сексуалната ориентација на колега создаваат постојано негативно мислење за вас во главите на сите кои ќе ги слушнат вашите зборови.
Мислите се само ваши, зачувајте ги за себе.
7. Колку „диви“ и авантуристи сте биле пред одредено време
Вашето минато може да раскаже многу за вас. Тоа дека сте направиле нешто чудно и глупаво пред доста години, не значи дека луѓето ќе помислат дека од тогаш сте се промениле и дека веќе носите беспрекорни решенија.
Однесување кое може да се дефинира како „последниот ден во студентски“ (пиење алкохол во текот на целиот ден, ситни кражби, возење во пијана состојба), им покажува на другите дека немате многу добра проценка и дека не знаете каде да ставите линија.
8. Дека барате друга работа
Кога бев дете, му реков на тренерот по кошарка дека го напуштам тимот по две недели. Во следните две недели бев цврсто залепен за клупата со резервите. Уште полошо беше откако конечно решив да останам. Веќе бев познат како „дете што не сака да биде тука“. Бев целосно скршен, но вината за тоа беше целосно моја. Не требаше да го споделам своето решение, пред да бидам сигурен.
Може да го очекувате истиот резултат, ако почнете да раскажувате во канцеларијата дека си барате работа.
Откако ќе се расчуе дека планирате да заминете, вие се претворате во губење на време и напор за секој со кој работите. Покрај тоа, можноста да не успеете да најдете алтернатива е реална, а тоа може да биде погубно за вашата кариера.
Најдобро е да почекате додека не најдете нешто сигурно пред да кажете на кого и да било. Во спротивно, може да останете на клупата.
