8 години Елемент ПР
Агенцијата за односи со јавност Елемент ПР одбележува 8 години постоење на пазарот. Со богато портфолио на локални, регионални и светски брендови и компании и тим составен од професионалци, оваа агенција се истакнува со креативност, работа и успех што го гради секојдневно. Елемент ПР развива иновативни и интегрирани решенија и брзо се прилагодува на потребите на клиентите и на пазарот.

Елемент ПР, покрај динамичната улога и компетитивноста што ја создава на македонскиот пазар, преку партнерството со Грејлинг, една од најголемите и најеминентните маркетинг и ПР агенции на светско ниво, е одговорна за комуникациски услуги во Македонија, Косово и Албанија. Ова партнерство постои и постојано се надградува веќе 5 години.
Тимот на Елемент ПР е составен од професионалци со различни профили и во различни полиња, односи со јавност, поранешни новинари, меркетинг, организација и менаџирање на настани, дизајн, социјални медиуми што ја прави комплетно екипирана агениција за интегрирани маркетиншки решенија.
