Економија, финансии, бизнис

Контакт

70% од програмерите во оваа земја наскоро може да останат без работа

70% од програмерите во оваа земја наскоро може да останат без работа

Брзиот развој на технологијата ќе покаже повеќе негативна тенденција за програмерите во Индија. Според прогнозите, уште овој септември без работа ќе останат 2% од нив, а до 2020 година вештините на 50-70% од индиските програмери ќе станат сосема застарени на пазарот на трудот, бидејќи ќе бидат заменети со нови алгоритми. Ова го пишува The New York Times.

На индискиот софтверски пазар на труд ќе останат само програмерите од највисока класа, кои не се многу. Тоа се податоци на организацијата National Association of Software and Services Companies, која го спровела истражувањето, и која стигна до заклучок дека индиските програмери ќе бидат отстранети од новите алгоритми.

Во последните 10-15 години информатичката технологија се развива со многу голема брзина во Индија. Ова беше постигнато под влијание на трендот Offshoring кога големите компании ги преместуваа своите канцеларии во повеќе корисни области со поевтина работна сила и помали даноци. На овој начин Индија успеа да стане центар на светскиот IT офшор. Секоја година, секторот на информатичката технологија генерира за Индија обрт од 150 милијарди долари. Обезбедена е работата на 4 милиони луѓе кои пишуваат кодови, тестираат софтвер, ги воведуваат и анализираат податоците на американските и европските компании. Тоа е главно рутинска и сосема поедноставена работа.

Сега IT секторот се потпира на машинската обука, роботизацијата и автоматската анализа на големи податоци, и на тој начин се прави околу 70% од работата на индиските програмери. Новите алгоритми можат автоматски да ги анализираат податоците, да се тестира софтверот и веќе дури да го одржуваат преку вклучување на дополнителни кодови. За компаниите тоа веќе е поевтино и поекономично од евтината индиска работна сила.

Во IT секторот на земјата веќе почнаа отпуштања.

Слично

Поврзани вести