7 начини на кои Фејсбук го трансформираше светот
Ако пред неколку години беше необично да имаш Facebook профил, сега невообичаено е да немаш. Социјалната мрежа навлезе трајно во нашиот секојдневен живот. Таа го промени начинот на комуникација, на информирање, дури на водење бизнис, пишува The Guardian. Изданието споделува кои се 7-те карактеристични работи преку кои Facebook гоизмени светот.
1. Му даде ново значење на зборот "пријател"
"Пријател сум" веќе е глагол. И за разлика од вистинскиот живот, каде крајот на едно пријателство може да биде многу болно, во Facebook е лесно да избришите некој од листата на пријатели. Иако значењето на зборовите "сподели" и "ми се допаѓа" е подеднакво инхерентно, Facebook им даде сосема нова смисла.
2.Не натера помалку да се грижиме колку некој ни навлегува во личниот живот
Според последното истражување на Pew Research Centre околу 91% од младите луѓе ставаат своја слика во социјалната мрежа, 71% ставаат слика на градот, каде што живеат, повеќе од половина посочуваат мејл адреси, а половина го споделуваат дури и телефонскиот број. Сепак голем дел од младите не ги оставаат профилите јавно достапни, а ги оставаат отклучени само за пријатели.
3. Создаде милиони работни места
Социјалната мрежа го создаде целиот сектор, вклучувајќи индиректно ангажирани луѓе чија работа е да ја натера платформата да работи за нивниот бренд. "Нема друг таков инструмент", Вели Мајкл Тинмаут, стратег за социјални медиуми, кој има работено со брендови како Vodafone и Microsoft. Маркетинг стручњаците имаат информации за корисниците на соодветната марка каква што никогаш до сега не сте имале. Податоците и анализите со кои располагаат, се огромни.
4. Модернизација на политичките кампањи
За изборите во 2015 година во Велика Британија двете главни партии - лабуристите и конзервативците - покажаа колку е важна социјалната мрежа за нивните кампањи. Вторите трошиле 120 илјади фунти месечно на Facebook. Социјалната мрежа им овозможува на политичките сили да платат за рекламирање преку која ќе ги испратат точните пораки на вистинските луѓе во вистинско време.
5. Организира револуции
Примерите за протести кои почнаа на Facebook се многу. Од социјалната мрежа почнаа демонстрациите во 2014 година на плоштадот Мајдна во Киев. Луѓето во Украина, а и во светот го користеа Facebook како извор на информации за тоа што се случува, всушност таму.
6. Креирање и споделување на вести
Интернет е главен извор на вести за повеќе луѓе. Во Facebook корисници споделуваат вести, создаваат свои, собираат "лајкови" и така стигнуваат до повеќе луѓе. Во пракса, повеќето од нив не треба да ги напуштаат сајтот, за да ги дознаат работите што ги интересираат.
7. Промени кај самите корисници
Само десет години по нејзиното основање, во 2014 година, 56% од интернет корисниците на возраст од 65 години и повеќе имаат профил на Facebook. А околу 39% се "пријатели" со луѓе со кои никогаш не се сретнале во живо. Тие можат да се здружуваат во групи, да пишуваат по ѕидовите, да испратат слики од своите телефони, да разменуваат датотеки.
