Економија, финансии, бизнис

Контакт

7.000 евра глоба и забрана за вршење дејност за две фирми во Прилеп

7.000 евра глоба и забрана за вршење дејност за две фирми во Прилеп

Државниот инспекторат за земјоделство при вршење вонреден инспкециски надзор на подрачјето на Прилеп кај два правни субјекти констатирал прекршок за поседување, набавување и продажба на мрежи спротивно на законските прописи.

Како што изјави денеска во Куманово Мери Петровска, инспектор при Државниот инспекторат за земјоделство акцијата е спроведена на 26 јануари, годинава согласно Законот за рибарство и акавакултура.

- На двата правни субјекти им е изречена забрана за вршење дејност и 7.000 евра глоба. Воедно, во акцијата се најдени и две физички лица кои вршеа промет на риба на недозоволено место, на кои им е изречена глоба во вкупна вредност од 2.000 евра, изјави Петровска.

Во акцијата биле запленети риболовен прибор и 22 килограми риба. Во приборот имало 105 мрежи од кои 22 биле со должина поголема од 50 метри. Од Државниот инспекторат за земјодлство најавуваат дека ќе продолжат со акциите.

Слично

Поврзани вести