Економија, финансии, бизнис

Контакт

67 илјади американски долари за еколошко греење во Беровско

67 илјади американски долари за еколошко греење во Беровско

Националното здружение на сопственици на приватни шуми од Берово и Глобалниот еколошки фонд - програма за мали грантови во малешевското село Двориште го промовираа проектот „Намалување на јагленородниот диоксид преку замена на фосилно гориво со биомаса".

Со реализацијата на овој проект во Основното училиште „Дедо Иљо Малешевски“ во Двориште наместо фосилно гориво за загревање ќе се користи дрвен чипс и иверка, кои се добиваат од шумски и дрвен отпад при примарната обработка на дрво, со што се намалуваат емисиите на јаглероден диоксид за 16,14 тони годишно.

Ваквото загревање, покрај еколошките придобивки има и економски ефекти за локалното население и сопствениците на пилани и шуми, а паралелно се овозможува намалување на трошоците и заштеда на буџетски средства, велат организаторите на проектот.

Финансиската подршка за реализација на сите активности заедно со промоцијата на проектот чинеше  67.087 американски долари.

Слично

Поврзани вести