Економија, финансии, бизнис

Контакт

Половина од објектите во општина Кисела Вода се нелегални

Половина од објектите во општина Кисела Вода се нелегални

30 нови решенија за легализација беа доделени во општина Кисела Вода, со што бројката на вкупно решени предмети за легализација достигна 1.456 предмети, информираа од општината.

Од вкупно регистрираните 11.871  дивоградба за кои е поднесено барање за легализација во Општина Кисела Вода, 4.984 предмети се во административна постапка, а 5.295 предмети се незапочнати, односно се со нецелосна документација  поради недостаток на геодетски елаборат.

Од општината посочија дека речиси 50 отсто од станбените објекти во Кисела Вода, согласно новиот Закон за легализација на дивоизградени објекти, се  нелегални.

Слично

Поврзани вести