Економија, финансии, бизнис

Контакт

5 различни типови на корисници на кујна и еден фрижидер кој одговара на сите

5 различни типови на корисници на кујна и еден фрижидер кој одговара на сите

Брз готвач, авантуристички дегустатор, истражувач или кујнски филозоф - на која група корисници на кујна припаѓате вие? Еве неколку основни типови на луѓе по начинот на кој се однесуваат во кујната, а секој од нас ќе се препознае себеси барем во еден.

1.  Традиционален тип

Традиционалните рецепти за јадења чија неколкуфазна подготовка трае три дена, торти со четири различни кори и пет филови, минимум десет видови колачи за слава и домашен цеден сок се дел од кујнската магија на вистински готвач. Овој кујнски мајстор сака да готви, но и да јаде, сака да собира многу луѓе на трпезата, со и без конкретна причина, а за сето тоа има извонредно опремена кујна.

2.  Авантурист

Авантурата е во фокус во животот па и на кујната. Овој тип на корисник на кујна сака да пробува различни нешта - од качување по карпи без сигурносни јажиња и скок со падобран до пијалак од ананас и нов екстра зачинет специјалитет од тајландската кујна. За кујнскиот авантурист сармата е во ред, но етиопскиот ват со кумин е сосема друга приказна. Полна полица со зачини, вистинска вок тава и огромен избор на сосови во фрижидерот се неизбежни во кујната на авантуристот за реализација на бесконечниот број идеи кои му се појавуваат кога ќе го вклучи шпоретот.

3.  Истражувач (натуралист)

Ако тајните на молекуларната кујна ги чувате во малиот прст, ги познавате микробилките по мирисот и многу добро знаете каде се ставаат никулците од цвекло, а каде семето од лен вие сте кујнски истражувач. За нив нема рецепт што не се подготвени да го совладааат, сакаат предизвици, природа и патувања, а пријателите им се јавуваат за совет кој зачин да го стават во одредено јадење.

4.  Естетски тип

Овој тип на корисник на кујна мора да има оригинален ентериер и апарати на кои сите им се восхитуваат. Визуелниот момент им е многу важен,а готвење не го интересира претерано. На работната површина во кујната на естетите нема да видите ни најмала капка масло, а во прекрасниот фрижидерот најчесто имаат најширок асортиман на алкохолни и безалкохолни пијалаци и готови оброци.

5.  Food Influnser

Кујна на инфлуенсерот е како од Инстаграм фотографија.  Јадења се беспрекорно сервирани во склад со приборот за јадење и бои на чаршавот и салфетите. Кујнска престилка е со навезени иницијали на сопственикот, а секое јадење инфлуенсерот грижливо го фотографира и споделува на социјалните мрежи. Ако сте ваков тип корисник на кујна имате армија од следбеници кои со нетрпение ги очекуваат  вашите рецепти, а уште повеќе фотографиите од сервираниот оброк.

Заедничко за сите типови корисници на кујна е тоа што без добар фрижидер нема ни кујнски мајстор, нема уживање ни во готвењето ни во јадењето и пиењето, ниту пак во ентериерот. Samsung го дизајнираше Bespoke фрижидерот кој целосно се прилагодува на вашата кујна и вашиот стил и ви дава можност да ја изберете вашата комбинација на фрижидер и замрзнувач.

Samsung Bespoke фрижидерите ќе ја олеснат подготовката на храната, бидејќи храната ќе остане свежа подолго време, благодарение на иновативната Flex Zone, која има пет опции за прилагодување на температурата во фрижидерот. Можно е да се постави температура за замрзнување, благо замрзнување, за одржување на свежината на месо и риба, совршена температура за овошје и зеленчук, или за пијалаци.

Благодарение на технологијата Humidity Fresh + во специјална преграда во фрижидерот, корисникот има можност да го прилагоди нивото на влажност, создавајќи идеална средина за складирање на различни овошја и зеленчук, што му овозможува да остане крцкаво, свежо и сочно.

Вашата храна ќе остане свежа подолго време и благодарение на All-Around Colling системот, кој овозможува иста температура во сите делови на фрижидерот, што е голем плус, бидејќи повеќе не мора да одите во набавка секој ден. Дополнително, добивате елегантен дизајн, без рачки и решетки, рамна полица за вино, сиви кутии за храна, плус скриен екран... Bespoke концептот се заснова на целосна контрола на функциите со минималистички дизајн кој се вклопува во секој ентериер.

Достапни променливи бои на вратите се црна, сребрена, лила, небесно сина,крем и бела, кои ќе можат да се комбинираат со материјали сатен-стакло, глам-стакло, проѕирно стакло, теракота метал, вистински нерѓосувачки челик и челик-метал.

Со совршената функционалност и дизајн на Bespoke фрижидерот, секако ќе уживаат сите типови на корисници, а нивната кујна дефинитивно ќе биде најкул место во станот.

За повеќе информации посетете ја https://www.samsung.com/mk/refrigerators/bespoke-refrigerator/

ПР објава

Слично

Поврзани вести