Економија, финансии, бизнис

Контакт

5 причини зошто Samsung Galaxy S21 е вистински смартфон за бизнис

5 причини зошто Samsung Galaxy S21 е вистински смартфон за бизнис

S уредите на Samsung оваа година продолжуваат со високо темпо на претставување на одлични иновации прилагодени според потребите на корисниците. Неодамна претставената серија нуди три премиум модели, Samsung Galaxy S21, Samsung Galaxy S21 Plus и Samsung Galaxy S21 Ultra.

Почетниот модел има основна цена од околу 800 евра, додека најнапредниот модел ќе се продава за цена од околу 1200 евра. Сите три смартфони имаат различна големина на екранот, но во суштина основниот хардер и софтвер им е речиси идентичен. Тоа што ги истакнува Samsung Galaxy S21 моделите се нивните потенцијали за професионална употреба, со функции кои дефинитивно ќе му помогнат на вашиот бизнис или завршувањето на професионалните задачи.

Екстра брз процесор и 5G конекција

Основата на напредните функции на Samsung Galaxy S21 триото лежи во супер-брзиот Exynos 2100 процесор со осум јадра, изработен во најиновативната 5nm технологија. Станува збор за досега најефикасен процесор дело на Samsung, целосно прилагоден за потребите на Samsung Galaxy S21. Предноста на овој чипсет е тоа се изедначи со перформансите на Snapdragon процесорите кои се резервирани за Galaxy S21 моделите на американскиот пазар. Корисниците со Exynos 2100 добиваат најефикасна работа на процесот, помалата потрошувачка на енергија, напредни функции за виддоѕ, мултимедија и поврзување. Овие карактеристики се клучни за еден сопственик на бизнис или деловен човек, па Galaxy S21 ќе ги исполни потребите за супер брз уред со беспрекорни перформанси.

Камерата како ваш проектор кон светот

Еден модерен бизнис мора постојано да биде присутен на дигиталните канали, да биде во контакт со корисниците, да има нови содржини на социјалните мрежи. За тие активности неопходен ви е смартфон кој ќе располага со врвна камера за да правите брзи слики и видеа со профи квалитет и истите брзо да може да ги уредите и споделите со вашите клиенти или корисници.

Новитетот Directors view овозможува снимање со сите главни камери истовремено и преглед на предната камера. Така може да одберете различни агли, да креирате влогови или да бидете дел од групно видео. Снимањето во 8K HD резолуција е уште еден фантастичен бонус.


Samsung Dex за интеграција со PC

Samsung Dex е главната апликација со која може да го поврзете и синхронизирате вашиот Galaxy S21 смартфон со десктоп или лаптоп компјутер. Новите услови кои наметнаа работа од дома или далечина бараат да располагаме со мобилна канцеларија. Така и двата уреди ќе ги имате на еден екран, ќе може да ги следите сите нотификации и пораки, како и да префрлате фајлови од мобилниот на компјутерот без кабли или интернет алатки.

Samsung Knox за безбеден бизнис

Со целосно деловно решение Samsung Knox повеќе нема да имате грижи за безбедноста на вашите сензитивни податоци, лозинки за бизнис сметките или комуникацијата, пристап до Knox Vault и редовни безбедносни надградби. Samsung Knox за Galaxy S21 нуди различни степени на деловни решенија базирани на cloud технологија и едноставен менаџмент на мобилни уреди кои му се неопходни на секој модерен професионалец.

Целосна интеграција со Microsoft

Microsoft Office пакетот и натаму е еден од најнапредните софтвери за уредување на документи, менаџирање на мејл сервиси и деловни презентации. Корисниците на Samsung Galaxy S21 исто така ќе имаат целосен пристап до Office апликациите во зависност од нивната Microsoft претплатничка сметка. Поврзувањето преку cloud со вашите колеги ќе овозможи истовремено да работите заедно на различни документи, да ги сочувате и споделувате без потреба од физички присуство во канцеларијата.

Пр објава

Слично

Поврзани вести