Економија, финансии, бизнис

Контакт

За 100 денари кредит од ОНЕ ќе се користи услуга за 300

За 100 денари кредит од ОНЕ ќе се користи услуга за 300
Нова понуда промовираа Оне и ЏаБест според која за секои 100 денари кредит во припејд ќе се добиваат услуги во вредност од 300 денари. Единствениот услов за користење на ваквата понуда е истите 300 денари да се потрошат во рок од 14 дена. Според Виктор Доневски, маркетинг-директор на Оне, промоците на компанијата се со цел да се награди лојалноста на корисниците. -Припејд-кредитот од денеска вреди три пати повеќе. Сите наши корисници коишто имаат 100 денари на нивната припејд сметка и ќе ја активираат услугата автоматски ќе добијат 300 денари. Исто е и за оние коишто ќе стават нов кредит од 100 денари“, вели Доневски. Маркетинг-директорот на Оне најави и дека компанијата е целосно подготвена за дигитализација на пазарот и наскоро ќе излезат со нови понуди.
Слично

Поврзани вести