Економија, финансии, бизнис

Контакт

4 начини како Microsoft го промени светот во последните 40 години

4 начини како Microsoft го промени светот во последните 40 години

Во денешно време никој не може да се потсети какви беа компјутерите без Windows оперативниот систем. Тоа се должи на неговиот развој и интуинтивност. Многумина не се сеќаваат дека и пред Windows имало неколку различни оперативни системи, главно фокусирани на DOS, но Windows е промената која го зазеде целиот свет.

Бил Гејтс за Microsoft имал визија, а тоа е дека ќе го смени светот на персоналните компјутери. Повеќето компании може да се претпостави дека би се задоволиле со развојот на сопствената компанија и нејзиното збогатување, но тоа не било случај со Microsoft баш поради визијата на основачите и мисијата на секој кој бил дел од компанијата.

Најголемата револуција доаѓа со Windows 3.0/3.1x, од раните 1990ти, кој што им овозможува на сите корисници пристап до уникатниот, тогашен, графички интерфејс на Windows кој функционирал со компјутерско глувче. Од тогаш самите програми за системот почнуваат да изгледаат како нешто повеќе и се диференцираат од MS DOS програмите. Сепак постојат 4 начини како Microsoft го промени светот во последните 40 години:

- Microsoft го откри смарт ТВ со лансирањето на Media Center

- Microsoftго промени играњето игрици со Xbox Live поврзувајќи милиони луѓе

- Microsoft беше првата компанија која го истакна значењето на смартфоните и таблетите

- Microsoft го смени начинот на кој ги користиме компјутерите, од Windows до HoloLens

Чекор по чекор, низ годините, Microsoft лансира различни програми и кај секоја од нив може да се воочи мисијата на компанијата, едноставно, ефикасно и пријатно користење на софтвер за остварување на различни резултати. Денес не ни можеме да замислиме работа без користење на Microsoft Word, кој е напреднат на толку високо ниво, што преку Office 365на него може да се работи од страна на неколку лица онлајн, во исто време. Како и сите други, очекуваме трендот на развој и промени да продолжи, не само затоа што тоа го бара светот, туку затоа што сите му веруваме на Microsoft да ги направи вистинските чекори.


Microsoft и во Македонија има остварено многу голем развој, посебно преку Challenge 365 активностите каде студенти и професори од образованието беа поттикнати да користат одредени алатки со цел да се подобри нивната работа. Едукативниот сектор, не само во Македонија, туку во целиот свет е тој што ги жнее најголемите придобивки. Самата работа со студентите и учениците е многу поедноставна и поефикасна овозможувајќи им на просветните работници да се фокусираат на повеќе лица и со тоа да го поттикнат развојот на самото општество и целиот свет остварувајќи ја визијата на Бил Гејтс од пред 40на години.

Покрај софтверот, Microsoft ја продолжува визијата на своите основачи преку организирање на разни програми и активности за општествена промена. Едни од најатрактивните се и DigiGirlz настаните кои започнаа во Скопје и ќе продолжат во Штип, Битола и Тетово. Таму стотици млади девојчиња ќе се запознаат и разговараат, како на ФИНКИ, со жени од областа на СТЕМ професиите со цел да се поттикнат и охрабрат за да влезат во светот на технологијата.


Слично

Поврзани вести