Економија, финансии, бизнис

Контакт

4 митови за успехот на кои не треба да им верувате

4 митови за успехот на кои не треба да им верувате

Интернетот е полн со совети за постигнување на успех во кариерата. Некои од нив, сепак, може да ви донесат повеќе проблеми отколку бенефиции. Од Entrepreneur ги посочуваат митовите на кои не треба да им верувате.

Мит 1: Мора да бидете перфекционисти и работохолици, за да бидете успешни

Во денешно време се смета дека ако не сте подготвени да работите долги часови, за да бидете сигурни дека секој детал е исполнет совршено, значи не сакате доволно силно да постигнете успех. Овој мит ја влеал идејата дека треба да сме подготвени да жртвуваме се во името на работата. Значи сепак ја креваме летвата невозможно високо и постигнуваме контрапродуктивност - се чувствуваме демотивирани и напнати. Важно е да посветите време за самите себе.

Мит 2: Скапата едукација гарантира успех

Одењето во престижен универзитет не е по џебот на секој. Тоа значи дека ако не можете да си го дозволите сте осудени на живот исполнет со неуспеси? Апсолутно не! Образованието доаѓа во секакви форми и може да биде стекнато по најразлични начини. Клучот е во акумулацијата на знаење и стекнување на животно искуство, кои ќе ве научи како да се примени во пракса наученото.

Мит 3: Треба да се фокусирате на она што го правите најдобро

Овој мит гласи дека ако сакате да бидете успешни, треба да го фокусирате целото внимание во една област на развој. Пристапот може да работи за некои луѓе, но неговиот недостаток лежи во фактот дека кога се фокусирате на една област на бизнисот, вие ги затворате вратите кон други можности кои може да се покажат поефикасни.

Мит 4: Среќата и успехот се одредуваат од парите

Лесно е да поверувате дека успехот, среќата и богатството се поврзани. Идејата дека парите ќе ни донесат среќа, е можеби најтажниот и разурнувачки мит од сите. Парите никогаш не треба да бидат крајната цел. Тие се средство за обезбедување на удобност и безбедност за вас и за луѓето во близина на вас. Но љубовта и семејството се далеку позначајни.

Слично

Поврзани вести