Економија, финансии, бизнис

Контакт

3.Европски форум за рударство и истражување - „MINEX EUROPE 2018“

3.Европски форум за рударство и истражување - „MINEX EUROPE 2018“

Организаторот на 3. Европски форум за рударство и истражување „MINEX EUROPE 2018“- www.minexeurope.com/2018/ во соработка со Стопанската комора на Македонија, Ве поканува да го проследите и да бидете дел од овогодинешниот форум на тема „Одржлив развој на западно тетијските металогени ресурси„.

Овогодинешниот форум на „MINEX EUROPE“ кој секоја година се организира во различна земја во Европаќе стави акцент на трендовите за иновации за испитување и вадење, обработка, управување со отпад, како и за затворање на рудниците низ Европа и светот.

Со започнувањето на испитувањата на Балканот, Бугарија, Турција, Кавказ и Централна Азија во последните две децении, овие региони се дефинирани како брзо растечки и едни од најважните светски рударски региони, богати со бакар, злато, литиум, кобалт, никел, борати, калај, како и ретки метали и ураниум.

На Европскиот форум за рударство и истражување „MINEX EUROPE 2018“, на кој ќе присуствуваат светски експерти, преставници на лидерски компании во дејноста, истражувачки институции, преставници на надлежни владини министерства и институции, национални геолошки истражувачи, банки и адвокатски фирми, инвеститори и приватни еквити фондови и берзи, ќе бидат организирани тркалезни маси, панел дискусии, презентација на иновативни решенија, а предвидена е и посета на рудникот Бучим. 

Форумот ќе се одржи од 12 до 14 јуни 2018 година, во хотелот „Алексадар Палас“, во Скопје, согласно агендата во прилог.


Слично

Поврзани вести