3 причини поради кои парите не носат среќа
На прв поглед изгледа природно да мислиме дека ако сме побогати, автоматски ќе станеме и посреќни. Повеќе пари значат повеќе работи кои може да ги имаш и повеќе, кои може да ги направиш.
Науката сепак открива дека врската помеѓу среќата и многуте пари е само умерена, но не и постојана. А според некои всушност парите може да немаат сериозна врска со среќата воопшто.
Видете кои се трите главни причини зошто парите не не прават среќни:
1. Важен е релативниот приход, не само парите. Излегува дека нас не интересира повеќе не апсолутното количество на парите, туку да се има повеќе од другите околу нас. За жал, колку повеќе пари имаме, со толку богати луѓе ќе бидеме опкружени и толку помалку релативно пари ќе имаме за споредба.
2. Материјалните нешта не не прават среќни. Стекнување на материјални нешта како куќи и автомобили не прават среќни само привремено. Желбата за материјална корист расте побрзо од платата и така не стануваме посреќни, дури реално да сме ги добиле работите кои претходно сме ги сакале.
3. Луѓето не почнуваат да практикуваат активности што носат среќа и задоволство кога се збогатат. Тие го поминуваат поголемиот дел од своето време во работа, во активности кои им носат стрес и напнатост.
