Економија, финансии, бизнис

Контакт

2500 евра за најдобриот македонски коктел

2500 евра за најдобриот македонски коктел
И оваа година  македонските бармени добиваат можност да ги покажат своите вештини во мешање и подготвока на коктели и  флертендинг.
Здружение на Бармени на Македонија организира „Шестто Државно Првенство во припрема на Коктели и Флертендинг“. Првенството ќе се одржи на 25 Април 2013 година на Скопски Саем во склоп на СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ. Натпреварот ќе биде во две категории: класично подготвување на коктели и флертендинг. Награда вредна по 2500 евра за победниците во класика и во флертендинг и можност да се дружат со најдобрите Бармени од целиот свет. Секој учесник мора да пријави свој коктел. Категоријата на коктели што ќе ги подготвуваат бармените ќе биде: Fancy Cocktail. Пијалоците кои се употребуваат за спремање на коктелите може да бидат само од листата на пијалоци од спонзорите на ЗБМ.
Слично

Поврзани вести