Економија, финансии, бизнис

Контакт

220 тони сол фрлени низ Скопје

220 тони сол фрлени низ Скопје
Изминатата ноќ и утрово екипите на зимската служба на Град Скопје фрлиле околу 220 тони индустриска сол за да се спречи појавата на голомразица, пред се на критичните точки и фреквентните делови од градот.
Било интервенирано на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара и на останатите црни точки, соопштија од град Скопје од каде информираат дека булеварите и магистралните улици кои се во надлежност на Градот Скопје се чисти и проодни, а екипите на зимска служба ќе ја следат состојбата и ќе реагираат согласно со условите на теренот. Истовремено од Градот апелираат граѓаните, куќните совети и до сопствениците на деловните објекти да си го исчистат снегот пред влезовите бидејќи тоа е нивна законска обврска.
Слично

Поврзани вести