Економија, финансии, бизнис

Контакт

2026 WTCA GBF: Како четиридневен форум може да отвори врата за цела година деловни можности

2026 WTCA GBF: Како четиридневен форум може да отвори врата за цела година деловни можности

Еден од клучните меѓународни настани на Асоцијацијата на светските трговски центри (World Trade Centers Association - WTCA), WTCA Global Business Forum (GBF) 2026, чиј домаќин е World Trade Center (WTC) Greater Philadelphia, ќе се одржи од 19 до 22 април во Филаделфија. Настанот ќе обедини деловни лидери, инвеститори, претставници на институции и компании од целиот свет, со цел воспоставување конкретни деловни врски, истражување инвестициски можности и развој на долгорочни меѓународни партнерства.

За разлика од многу деловни конференции, WTCA GBF е осмислен како работна платформа за развој на бизнисот, со посебен акцент на директни средби меѓу компании и идентификување партнери за трговија, инвестиции и иновации.

Според Thomasa Younga, претседател и извршен директор на WTC Greater Philadelphia, токму овој пристап го издвојува Форумот од слични настани.

„WTCA GBF не е замислен како класична конференција, туку како платформа за конкретни деловни разговори. Програмата се базира на внимателно организирани деловни состаноци, секторски насочени дискусии и однапред договорени средби, што им овозможува на компаниите да разговараат со партнери со кои навистина сакаат да ги истражат деловните можности“, вели Young.

Тој посочува дека компаниите кои ќе пристигнат во Филаделфија можат да очекуваат три клучни резултати: релевантни состаноци со потенцијални партнери преку структуриран matchmaking, директен увид во пазарите преку контакти со компании и институции веќе активни на целните пазари, како и нови односи што можат да прераснат во преговори за дистрибуција, инвестиции или заеднички проекти.

Важна алатка во овој процес е и WTCA GBF B2Match дигиталната платформа, која им овозможува на учесниците да идентификуваат потенцијални партнери и да закажуваат состаноци уште пред почетокот на настанот.

„Компаниите можат да ги пребаруваат учесниците според индустрија, пазар или тип на партнерство што го бараат, што значително ја зголемува веројатноста состаноците да бидат насочени кон конкретни деловни можности“, додава  Young.

Тој укажува и на предноста на самата WTCA мрежа. „Кога ќе се спојат кредибилитетот на меѓународната мрежа, структурираните деловни состаноци и директната комуникација лице в лице, компаниите многу брзо можат да преминат од иницијално запознавање кон сериозни деловни разговори“, истакнува тој.

Јанг нагласува дека Форумот е конципиран така што четирите дена состаноци ќе се претворат во цела година деловни активности. „Средбите за време на Форумот често се само првиот чекор во процесот на развој на партнерства. По настанот, WTCA мрежата и WTC Greater Philadelphia продолжуваат да им даваат поддршка на компаниите преку дополнително поврзување со инвеститори, стопански комори, гранкови организации и регионални партнери“, објаснува тој.

Во пракса, компаниите веќе во првиот месец по настанот ги продолжуваат разговорите започнати на Форумот, додека во неделите што следуваат тие контакти често се развиваат во поконкретни преговори, пилот-проекти или договори за соработка.

Форумот е особено значаен за европските компании кои сакаат да се прошират на пазарот на САД. Patricia Moinard-Drouvot, членка на Управниот одбор на WTCA и директорка на WTC Metz-Saarbrücken, вели дека концентрацијата на носители на одлуки на едно место е една од најголемите предности на овој настан.

„Најголемиот поврат на инвестицијата произлегува од фактот што сите релевантни партнери се наоѓаат на исто место во исто време. За четири дена, деловен лидер може да постигне она за што инаку би му била потребна цела година меѓународни патувања“, истакнува таа.

Таа посочува на силните можности во секторите кои се особено развиени во Филаделфија и регионот, вклучувајќи биотехнологија и фармација, производство, прехранбена индустрија и земјоделство, иновации и високо образование. Овие сектори во голема мера се поклопуваат со структурата на бројни европски економии, што создава практична основа за соработка.

Моинар-Друво исто така нагласува дека WTCA GBF нуди повеќе од пристап до американскиот пазар. „Иако локацијата во Филаделфија природно го олеснува поврзувањето со американски партнери, Форумот обединува делегати од целата глобална WTCA мрежа, која опфаќа речиси 100 земји и територии. Овој меѓународен состав им овозможува на европските компании да воспостават контакти не само со актери од САД, туку и со компании и институции од други делови на светот“, објаснува таа.

Таа додава дека WTCA мрежата има важна улога во градењето доверба. „Кога компаниите доаѓаат на Форумот како дел од глобалната WTCA мрежа, тие не доаѓаат како целосни странци. Веќе се дел од деловна заедница во која партнерите се претходно проверени и поврзани преку самата мрежа“, вели таа.

Crystal Edn, извршна директорка за услуги на членките на WTCA, истакнува дека токму тоа е суштината на вредноста на Форумот. Според неа, WTCA GBF е замислен како платформа за поврзување и соработка, потпрена на глобална деловна мрежа.

„Една од клучните предности на Форумот е тоа што компаниите доаѓаат со јасно дефинирани цели, било да станува збор за влез на нов пазар, пронаоѓање инвестициски партнер или развој на нови деловни односи. Бидејќи секој учесник е поврзан со WTC деловната заедница на својот матичен пазар, тие цели можат да се претворат во таргетирани воведи и конкретни врски низ целата WTCA мрежа“, вели Edn.

Таа додава дека четиридневното искуство е внимателно структуирано. Програмата започнува со увид во глобалните пазари и стратешки разговори, а потоа продолжува со курирано вмрежување и B2B состаноци, дизајнирани да ги поврзат компаниите, инвеститорите и институциите со релевантни соговорници.

„Присуството на WTC организации од различни делови на светот дополнително ја зголемува вредноста на настанот, бидејќи учесниците не добиваат само пристап до компании, туку и конкретни влезни точки во локалните деловни екосистеми“, објаснува Edn.

Најважно е, додава таа, што WTCA GBF е замислен како почетна точка за долгорочна соработка, а не како еднократен деловен настан. За компаниите што учествуваат, неговата вредност не е само во неколкудневните интензивни состаноци, туку во можноста почетните контакти да се претворат во реални деловни можности, меѓународни партнерства и одржливи проекти на повеќе пазари.

ПР објава

Слично

Поврзани вести