2.000 корисници и 70 компании за една недела се дел од Challenger Дома
Точно пред една недела преку продавниците за апликации на мобилните телефони,iOSилиAndroid, 2.000 македонски корисници ја симнале #ChallengerДома а 70 компании се директно вклучени, велат тимот на Challenger. Тоа за нив значи дека граѓаните и компаниите се свесни за потребата на апликацијата во земјава.
„Искрено, благодарност до граѓаните, компаниите и Фондот за Иновации и Технолошки развој што веруваат во нашата идеја #ChallengerДома. Ние се чувствуваме корисни за сите вас и сакаме што повеќе да ја симнете апликацијата. Компаниите, како малите, така и големите, од секој град во Македонија ве покануваме да се вклучите за да ја победиме пандемијата“ вели Олга Рајчиќ од Challenger.
„Колективната свест е повеќе од секој полициски час. Со меѓусебна поддршка и мотивација за дисциплина, заеднички ќе помогнеме во побрзо и побезбедно справување со кризата. Одличен начин за потсетувањето дека херои ќе бидеме со самото седење дома а истовремено ќе се подновиме со работи на попуст. Локализирај ги своите потреби и поддржи ги домашните бизниси“ додаваат од ГРИН ИТ ДОО, креаторот на #ChallengerДома.
Слично
