Економија, финансии, бизнис

Контакт

20 години Рено Твинго – најважните датуми во историјата за овој автомобил

20 години Рено Твинго – најважните датуми во историјата за овој автомобил
Еден од најинтересните модели на француската компанија Рено - првата генерација Twingo , наполни 20 години . Малиот и иновативен автомобил се појави во 1993 година кога реализира на пазарите над 2 милиони продажба , соопштуваат од Рено . Животот на Twingo започна уште во 1989 година , кога Рено му наложува на директорот Ив Дубреил да предложи мал автомобил , кој е компактен , практичен , економичен и удобен , но не и директен конкурент на неговата постара сестра - Clio . За да се постигне бараното , тој одлучил да воведе иновации . За разлика од останатите модели понудени од многу од неговите конкуренти , Twingo излегува во една верзија и со само еден 1,2 - литарски мотор со 55 КС Twingo е достапен само во четири бои , нудејќи како избор само две дополнителни опции: платн покрив и клима. Сепак Twingo е предводник на својата класа во сегментот мали градски автомобили во однос на висината, ширината и просторот за колената на патниците - најмногу поради својата лизгачка задна клупа . Всушност , четирите седишта можат да се преклопат , создавајќи импровизиран брачен кревет. Името на Twingo е мешавина од " Twist " , " Swing " и " Tango " . Еве ги и најважните датуми во историјата за овој автомобил : Март 1993 :  Twingo се пушта во продажба по неговата оригинална презентација неколку месеци порано на автомобилскиот саем во Париз . 1994 : Французин поминува 240 000 км со Twingo во суровата австралиска пустелија , демонстрирајќи ја сигурноста на овој автомобил. 1994 : Лансирање на Twingo Easy опремено со мануелен менувач , но без педала на спојката . 1996 : Лансирање на ограничените верзии Twingo Benetton и Twingo'Matic , опремени со автоматски 3 -брзински менувач. Покрај тоа , моторот е појачан со 5 КС , за да се стигне 60 КС. 1998 : Прво главно дотерување за Twingo : подобрувања на седиштата , таблата со инструменти , светлата и предниот браник. Воведување на ограничената верзија Elite. 1999 : Лансирање на максималната верзија Initiale Paris . 2000 : Излегува модел со 16V мотор со 75 КС и Quickshift секвенцијален менувач . 2005 : Појавата на Kiss Cool лимитираната серија . 28 јуни 2007 : Производство на последното Twingo 1 во Европа , дошло по 2 075 300 продажби во рок од 14 години - ексклузивен животен циклус за автомобил по стандардите на индустријата.
Слично

Поврзани вести