20 години пионери во индустриски кетеринг – Индустри Сервис

Компанијата Индустри Сервис денес прославува 20 годишнина од своето постоење. Нејзините почетоци датираат од 2002 година, со првиот подготвен оброк за вработените на тогашен Фени Индустри, денес Еуроникел Кавадарци.
Како прва специјализирана угостителска компанија за индустриски кетеринг, нуди комплетни решенија за организирана колективна исхрана, од подготовка на идејно и проектно решение, спецификација на угостителска опрема и можност за инвестиција во опремување на кујни и кантини за компаниите кои што обезбедуваат оброк за своите вработени.
Растот на компанијата се случува постепено, преку градење на партнерски и долгорочен однос со клиентите, од кои најголемиот дел се мултинационални компании во земјата.

Во компанијата во моментот работат 170 вработени, за 15 клиенти, во 6 одделни кујни, каде секојдневно се послужуваат над 7.500 оброци. Во изминатите 20 години тимот на Индустри Сервис подготви и послужи над 20 милиони оброци за некои од најуспешните компании во Македонија.
Основачот и сопственик на Индустри Сервис, Г-дин Драган Смилковски сеуште е со истиот ентузијазам и активно се вложува како и на самите почетоци.
„Во изминатите години и покрај многубројните предизвици со кои се соочувавме, успеавме да останеме партнер од доверба, навремено сервисирајќи ги сите обврски и барања од нашите клиенти, вработените и добавувачите. Горд сум што изградив компанија со цврсто втемелени семејни вредности. Лично многу се вложувам во правилната селекција и развој на човечкиот потенцијал, затоа што позади секоја успешна компанија - стојат успешни вработени.“

По повод 20 годишнината од постоењето, Индустри Сервис продуцираше видео кое ги отвора „вратите“ во нивната најнова инвестиција – Централната кујна Скопје. Фокусот во видеото се условите за работа и вработените, кои според Смилковски се заслужни за сите минати и идни успеси на Индустри Сервис.
