Економија, финансии, бизнис

Контакт

18 декември – Меѓународен ден на мигрантите

18 декември – Меѓународен ден на мигрантите

Како феномен, миграцијата e дефинирана во 2015 година. Ова беше година на масовно и брзо движење на населението. Тајфун во Вануату, земјотрес во Непал, војна во Сирија, предизвици во голем број на земји со скоро 900.000 мигранти пристигнати на бродови во Европа бегајќи од војна, сиромаштија и прогонство.

Решиси секој седми човек на оваа планета, што е повеќе од една милијарда луѓе, е мигрант на некој начин. Но, речиси 60 милиони од нив страдаат, насилно се отстранети од своите домови и од местата каде што живееле. Милиони други се мигранти кои бараат можност во друга земја или на друго место во рамките на своите земји, исто како и секој друг.

Миграцијата е цврсто на глобалната агенда. Оваа година Обединетите нации организираа настан за миграција и врз основа на глобалната дебата што се случува, ја нагласија важноста на миграцијата во својата програма за човековиот развој: Целите за одржлив развој. Самитот во Малта ги донесе на заедничка маса африканските и европски лидери да разговараат околу миграцијата. Во Азија, владите се собраа да бараат регипнално решение за кризата со миграцијата во Андаманското море. Новата Влада на Канада направи инспиративен подвиг, организирајќи брз, регулиран и топол прием на 25.000 бегалци.

Ни Македпнија не остана заобиколена од бранот на мигранти и бегалци кои транзитираа низ Западен Балкан со цел да дојдат до западно европските земји. Напротив од јуни до декември оваа година, дневно од 1,500 до 10,000 мигранти поминуваа низ земјава со најголеми бројки регистрирани во септември и октомври. Голем број од овие лица спаѓаат во групата на ранливи категории како што се непридружувани малолетни лица, бремени жени, деца, лица со хронични здравствени проблеми, лица кои искусиле физичка или психичка траума. Зголемените миграциски текови сздадоа бројни предизвици за институциите и граѓанскиот сектор како најдпбро да се одговори на потребите и барањата на мигрантите, како да се заштитат нивните животи и права и истовремено да не се нарушат принципите на безбедност на државата и граѓаните. Меѓународната организација за миграции (ИОМ), со средства обезбедени од бројни донатори, работи посветено да ги зајакне капацитетите на националните институции за изградба на соодветен механизам како одговор на настанатата ситуација преку набавка и донација на соодветна опрема, материјали и обуки за лицата вклучени во работа со мигрантите и бегалците. И во периодот што следи ИОМ ќе продолжи да соработува со партнерите од владиниот сектор и граѓанскиот сектор, како и со меѓународните организации и донатори во обезбедување на соодветни услови и стандарди за помош на мигрантите и зајакнување на процесот на управување на миграцијата.

Долго време се расправа околу човечката мобилност, потребно е менаџирање на миграцијата, која ќе биде безбедна за сите вклучени. Мигрантите се движат, и ни требаат нам онолку колку што ние им требаме ним. Но, на светот му треба лидерство со цел да се управува со миграцијата на 2 безбеден, сигурен и легален начин. Крајно време е развиените општества да покажат дека се спремни да направат се што е потребно ова да успее.

За одбележување на овогодинешниот Меѓународен ден на мигрантите, Меѓународната организација за миграција (ИОМ), ја повикува меѓународната заедница да се потсети на бегалците и мигрантите кои ги изгубиле своите животи или се исчезнати, во обид да стигнат до безбедно засолниште. ИОМ ги повикува луѓето од целиот свет на 18 декември да им се оддаде почит на мигрантите чии животи се изгубени оваа година. Секој од нив има свое име, приказна а ги напуштија своите татковини барајќи безбедност и подобри можности за себе и за нивните семејства .

Слично

Поврзани вести