Економија, финансии, бизнис

Контакт

150 години иновации за удобност на живеење

150 години иновации за удобност на живеење

Сè започна на 1 август 1874 година, со оглас во локалниот весник во кој Јохан Вајлант, по професија „производител на пумпи и котли од бакар“,  на жителите на германскиот град Ремшајд и околината им се  „препорачува“ со неговата „брза и точна  услуга“.

Неговиот прв патент „Бојлер на гас - затворен систем“ беше вистинска револуција бидејќи донесе безбедност и дотогаш невиден комфор во бањите. Одеднаш беше можно да уживате во топла вода на безбеден начин и кога тоа ќе го посакате. Удобноста во која уживаме и денес, само со посовремена технологија. Токму од овој бојлер се роди нова иновација во Vaillant: првиот бојлер за топла вода на гас што за прв пат може да се монтира на ѕид, што ослободува дополнителен простор во веќе тесните бањи. Следниот изум веќе беше на повидок: првиот котел за централно греење на гас, од кој многу брзо се појави нова иновација, т.н. „комби котел“ на гас, кој комбинира централно греење и топла вода во еден уред. Овој тип на котел и ден денес го користат милиони наши корисници ширум светот, а разликата е само во денешната понапредна кондензациска технологија.

Сите тие своевремено беа револуционерни иновации кои влегоа во нашите домови и ги земаме здраво за готово. Визијата и изумот на еден човек ја одбележаа удобноста на живеењето за милиони идни генерации. Денес, животот без удобноста на централното греење и топла вода веќе не може да се замисли. Сепак, 150 години подоцна, Vaillant продолжува да ги развива своите иновативни решенија кои се еколошки прифатливи и нудат ефикасна удобост. Понудата вклучува широк спектар на технологии како што се системите за греење на гас, електрични уреди за греење, соларни системи, клима уреди и секако најновите технологии на топлински пумпи – вели Деан Наумовски, директор на Ваиллант Македонија.

Патувањето не е завршено овде бидејќи нашата корпоративна визија „Обезбедуваме подобра клима. Во секој дом и во светот околу него.“  нè обврзува да развиваме нови решенија и во иднина кои може повторно да ја револуционизираат удобноста на нашите домови.

Посетете ја нашата веб страна https://www.vaillant.mk/ или следете не на Facebook https://www.facebook.com/VaillantMakedonija или на Instragram https://www.instagram.com/vaillant.mk/

ПР објава

Слично

Поврзани вести